Добри вести за здравјето на Ники Лауда

Легендата на Формула 1 Ники Лауда се чувствува добро по трансплатацијата на белите дробови и самостојно дише, изјавија докторите во Општата болница во Виена каде беше опериран во четвртокот.

Според професорот Валтер Клепетк кој ја извршил операцијата, Лауда ќе мора уште неколку недели да мине во болница, а долгорочно ако нема некои изненадувања ќе може да се занимава со спортот како и претходно.
Лекарот изјави и дека сите негови органи добро функционираат, а беше опериран поради вирус во белите дробови.

Лауда здравствени потешкотии има откако во август 1976 година доживеа тешка несреќа на трката во Нирбургринг. Тој повеќе од една минута беше заробен во пламените јазици, а отровните гасови трајно му ги оштетија белите дробови. Во 1997 година и во 2005 година беа извршени и две трансплатации на бубрезите.

Лауда е трикратен светски првак во Ф1, а сега ја има претседателската функција во тимот на Мерцедес во формула 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Моќен изглед: Ферари го претстави болидот за новата сезона!

„Протекоа“ големи вести за Шумахер: Со приватен хеликоптер пренесен во вилата на Мајорка

Хорнер му даде јасно предупредување на Фетел за новиот колега Леклер

(ФОТО) Во пресрет на новата сезона – Формула 1 го доби еден од најубавите болиди во историјата на спортот

Мик Шумахер сподели интересна анегдота со неговиот татко – разговор кој се уште го памети

Ферари му испрати интересна порака на Хамилтон за новата сезона

Нова заблуда или реално очекување – Фетел тврди дека Ферари сега ги има „состојките“ да го добие Мерцедес

Победите на Дакар 2019 заминаа кај Ал-Атијах, Прајс и Николаев

Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!