Добри вести пристигнуваат од Формула 1, битката со коронавирусот се добива!

Екипата на Мекларен соопшти денеска дека членот на овој тим кој беше заразен со коронавирусот добро се опоравува и дека повеќе нема симптоми на болеста.

Мекларен во четвртокот се повлече од Големата награда на Австралија, еден ден пред првата трка во сезоната од Формула 1 да биде откажана.

Како што наведоа од Мекларен, 14 членови на тимот исто така се во карантин откако биле во близок контакт со заразеното лице.

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, изјави дека сите се во „добро расположение“.

Мекларен соопшти и дека остатокот од тимот се вратил во Велика Британија, но поради мерки на претпазливост никој нема да оди во седиштето на тимот во следните две недели.