До каде оди омразата кон Санчо – му забраниле да јаде во клупската менза

Џејдон Санчо веројатно го проколнува денот кога си замина од Борусија Дортмунд и се пресели во Манчестер Јунајтед бидејќи тогаш не ни помислувал каков пекол го очекува на Олд Трафорд.

Можеби од финансиски аспект не помина лошо, но она што го доживува сега е еднакво на булинг. Откако Ерик Тен Хаг го исфрли од тренинзите на екипата затоа што Санчо јавно му одговори на една прозивка, сега клубот презеде нов чекор со цел да го понижи некогаш најталентираниот англиски фудбалер.

Јунајтед му забрани на Санчо да влегува во сите клупски простории, па дури и во клупската менза каде што се хранат фудбалерите. Во моментов, тој тренира со играчите од клупската академија и веројатно така ќе остане додека јавно не се извини за својата постапка иако демантот на зборовите на менаџерот се нормална реакција кога некој смета дека тие не се точни.