Дивац, зарем ќе дозволиш Лејкерс да го присвои Богдановиќ?!

Сакраменто Кингс е заинтересиран за Кајл Кузма, пренесува секогаш добро информираниот новинар од Њујорк Тајмс, Марк Стајн.

Според неговите информации, Владе Дивац, кој е генерален менаџер на „кралевите“, се обидува да направи договор со кој талентираниот крилен центар, ќе заврши во престолнината на Калифорнија.

Меѓутоа, како наведува истиот новинар, Кингси знаат дека ако сакаат да го договорат овој играч, во сето тоа мора да го вклучат Богдан Богдановиќ.

Лејкерси се исто така заинтересирани затоа што им е потребен кошаркар кој знае да креира за себе, но и пред се за останатите во играта, нешто што им недостига кога во игра не е Леброн Џејмс.

Дел од фановите на Сакраменто веќе коментираат по социјалните мрежи дека не се расположени за ваква размена, односно клубот да го ослободи Богдан Богдановиќ.