Дивац со интересна анализа за Џордан: Доколку тој би играл во денешно време во НБА..

Легендата на српската кошарка и еден од првите во Европа кои имаа доста запазена кариера и улога во НБА лигата, Владе Дивац, смета дека денешнава кошарка се разликува многу во однос на „неговото време“, а нема ни дилеми дека Мајкл Џордан не би имал конкуренција.

Последната деценија често се полемизира околу тоа дали статистиката на Леброн Џејмс и Коби Брајант можат да застанат на рамништето на Џордан, меѓутоа, поранешниот генерален менаџер на Сакраменто, секоја идна дебата ја сече од корен.

Да ви објаснам на кратко и „пластично“. Да го имате Мајкл Џордан во денешно време, тој по овие правила би имал просек од 80 поени по натпревар, па потоа судете и споредувајте кој е најдобар“.

„Правилата се променија, нема физички контакт, груба игра. Се игра за публиката, што е секако убаво, за кош повеќе, што исто така е убаво, но ми се чини дека кошарката ја загуби својата конкурентност. Мислам дека е неблагодарно да правиме споредби на една со друга генерација, затоа што сега ситуацијата е различна“, истакна Дивац.