Дисингер со коментар за шансите на Вардар во ЛШ со новиот состав

Кристијан Дисингер кој беше на прагот да го напушти Вардар пред неколку недели, сега зборува околу тоа како е да се игра и со толку наталожени проблеми за „црвено-црниот“ дрес.

Дисингер потпиша нов договор и потврди дека останува во Вардар, тој за рускиот медиум „Брз Центар“ зборуваше за ситуацијата во Вардар.

На почеток од годината, никој не знаеше што ќе се случува во Вардар. Постоеше информација дека имаме нов сопственик. Долг период не земавме плати, атмосферата беше доста лоша. Но Михајловски ми даде ветување дека се ќе биде во најдобар ред. Можев да си заминам од Вардар уште во февруари, имав понуди на маса, но бев повреден и не сакав да менувам клуб во таква ситуација кога не сум добро подготвен“.

Што се однесува до идната сезона, ќе имаме солиден тим. Михајловски е сериозен бизнисмен, па посакува клубот да се одржи во врвотм а во минатото се зависеше од еден човек во клубот. Веројатно нема да ја освоиме ЛШ, но постои потенцијал во нашата екипа“, порача Дисингер.