Дисингер нема објаснување: Не знам што ни се случи, одеднаш се најдовме во негатива

Вардар денеска загуби на гостувањето кај Веспрем во Лигата на шампионите со 39:30, што е втор убедлив пораз за Вардарци во низа во елитното клупско натпреварување.

Ниту промената на тренерската позиција и доаѓањето на Кокшаров не ги промени работите во редовите на европскиот првак. Ракометарот на Вардарци, Кристијан Дисингер, немаше објаснување за поразот во Унгарија.

„Немавме среќа кога се кршеше резултатот. Се боревме, дадовме се од себе. Игравме добро во првите 40 минути, но потоа не знам што се случи. Второто полувреме не одеше како што треба, Веспрем даваше гол за гол, ја зголемуваше разликата и дојде до голема предност, а ние не можевме да држиме темпо. Мора да признаам дека Веспрем беше многу подобар тим од нас и целосно не надигра“, изјави Дисингер.