Дирк Кајт реши да се обиде во друг спорт: Ова ќе биде голем предизвик

Поранешната холандска фудбалска ѕвезда Дирк Кајт (41) ќе дебитира во боксерскиот ринг во октомври оваа година.

Поранешниот фудбалер на Феенорд и Ливерпул ќе биде дел од хуманитарен настан кој ќе собере многу ѕвезди во рингот, а Кајт ќе биде еден од оние кои ќе одржат егзибициски меч.

Сеуште не се знае со кого Кујт ќе го одработи мечот, но се знае дека тоа ќе биде некој кој исто така нема искуство во рингот. Поранешниот фудбалер многу се радува на фактот дека ќе проба нешто ново.

„Доаѓам од фудбалот и за мене ова ќе биде како натпревар за холандската репрезентација. Предизвикот е да излезам од комфорната зона и да започнам нов спорт“, изјави Кајт.