Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Откако Вардар дене го претстави Словенецот Домен Сикошек Пелко како ново засилување, свој коментар за 21-годишниот пикер даде диркеторот на Вардар, Давор Стојановски.

„ Младоста е предност за Сикошек Пелко и веруваме дека има предиспозиции да се вклопи во играта и системот на Вардар. Иако не е многу искусен во него препознавме квалитет за кој очекуваме да добие и потврда со настапот во нашиот клуб. Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитеот. Со нетрпение го очекуваме почетокот на подготовките и стартот на новата сезона“, изјави Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Во кариерата Сикошек Пелко има настапувано во тимот на Брежице каде ја почнува кариерата за младинските категории. Во сезоната 2013/2014 првпат е регистриран за сениорскиот тим на Кршко, но настапува за кадетите и за младинците. Две сезони подоцна повторно се враќа во тимот на Брежице и една полусезона настапува за Добова. Од 2016/2017 е дел од тимот на Требње. Таму не доби соодветна минутажа па реши да замине во странство. Тој е ракометар што е пред вратата на сениорската репрезентација на Словенија. Во 2014 година беше дел од 30-мина што беа на поширокиот список за ЛОИ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец

Голема трагедија во Полска: Ракометарка од Русија се удави во езеро

Конечно: Ракометарите на плажа на последниот меч до прва победа

Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар

(ФОТО) Македонија е трета ракометна сила во Европа – на клупски план