Директорот на Ролан Гарос оптимистичен: Работиме на случајот, да не дојде до колизија со датумите

Директорот на Ролан Гарос, Гај Форгер, изјави дека напорно се работи на избегнување на можните колезии со термините на УС ОПЕН, односно дека неговата екипа оптимистички гледа на годинешното издание.

Гренд слем турнирот на париската црвена земја требаше да се случи по оригинален распоред, но поради пандемијата КОВИД19, тоа не беше можно и беше преместен за нешто подоцна.

Но тоа поместување направи метеж и го смести Ролан Гарос на само една недела пред почетокот на УС ОПЕН, а со оглед на тоа дека во Америка ситуацијата е се уште драматична, а Њу Јорк е еден од најтешко погодените градови во светот, останува прашањето дали турнирот воопшто ќе се игра.

Најверојатно ќе имаме турнир нешто пред почетокот на УС ОПЕН, се уште нема официјална потврда, но работиме на тоа. Тесно соработуваме со сите организации и организатори со цел да видиме како ќе изгледа календарот до крај на годината“, истакна Форгет.