Директорот на ЕСМ го поздрави успехот на Георгиевски

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски се сретна со претседателот на Македонскиот олимписки комитет МОК, Даниел Димески.

На средбата Ковачевски, кој е член на Управниот одбор на МОК, упати честитки за освоениот сребрен медал од македонскиот репрезентативец во таеквондо Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио. Беше разговарано и за начините како да се обезбедат максимални услови за подготовки на најдобрите македонски спортисти за меѓународните квалификациски натпревари за учество на Олимписките игри во Париз 2024 г.

Директорот Ковачевски потенцираше дека АД ЕСМ има долга традиција на општествена одговорност и помагање на заедницата, особено дејности како образование, здравство и спорт и изрази надеж дека со нормализирање на состојбата по ковид кризата сите компании повторно ќе ја вратат во фокусот поддршката на спортот.