Директно во лице: Благодарение на мене, имаш две титули во Ф1!

Се чини дека пукна работата или трпението на Серхио Перез кон неговиот тимски колега Макс Верстапен.

Холанѓанецот во последните два круга, одби да го пропушти Мексиканецот на шестата позиција, со која би освоил дополнителни два бода и би бил пред Шарл Леклер на втората позиција во генералниот поредок.

Сето тоа пројави гнев кај Серхио Перез, кој по трката имаше доста интересна изјава.

Мислам дека благодарение на мене тој има две шампионски титули. Не ја разбирам неговата одлука на крајот од трката“, порача Перез од боксот.

За волја на вистината, донекаде и во право е Перез, затоа што овие две сезони, посебно ланската, тој се бореше како лав на патеката, за Верстапен да слави, а овој сега не му дозволи да напредува позиција, со која Перез ќе останеше на втората позиција.