Дини открива погрдни коментари од фановите: Како се молеле тој и синот да фатат коронавирус

Капитенот на Ватфорд, Трој Дини, истакна дека ги следел грдите коментари од фановите на клубот, кои посакале неговото новороденче да добие коронавирус, само поради тоа што тој одбил да се врати на тренинзите.

Дини не сакал да тренира само поради тоа што неговиот син имал проблеми со дишењето, и одбил да тренира со Ватфорд, а со тоа придонел за грди коментари од фановите.

Гледав дел од коментарите кон мене и мојот син, видов како зборуваат „се надевам дека ќе добиете со син ти коронавирус“, дека ќе се заразите сите дома“ и слични работи.

Денеска беше официјално потврдено дека Премиер лигата се враќа на 17 јуни, а Трој Дини на тренинзите им се враќа следната недела.