Динамо Букурешт многу лесно можел да ја „украде“ ѕвездата на Вардар

Актуелниот европски ракометен првак Вардар минува ни период на реорганизација како на играчки план, така и во раководната структура.

Многумина играчи си заминаа, но има и такви кои што и понатаму ќе го носат дресот на „црвено црните“.

Романските медиуми, пренесувајќи изјава на член на управата на Динамо Букурешт открија дека десното крило на Вардар Иван Чупиќ лесно можел да се пресели во нивните редови.

Сепак од Динамо се одлучиле за нивниот репрезентативец Валентин Јонеа само поради фактот што е домашен ракометар и нема да ја зголемува квотата на странци која има лимит.