Димитров раскажува: Овој период беше тежок за мене

Бугарскиот тенисер Григор Димитров зборуваше за случувањата по Адриа Тур во Белград и Задар, каде што се заразија повеќето тенисери и турнирот во Хрватска заврши неславно.

Во меѓувреме Димитров се поорави за да функционира нормално, мо сега открива дека не му било лесно.

„Не сум подготвен сега да се натпреварувам на највисоко ниво, работите се подобруваат како и се околу нас, но опоравувањето оди доста бавно. Бев дома цел еден месец поради коронавирусот. Симптомите беа лоши, бев сериозно вознемирен, немав чувство за мирис и вкус, но сепак, беше убаво додека бев на терен“.

„Единствената порака која треба по ова да ја испратам е дека не треба да се потценува актуелната ситуација. Ова се тешки времиња и мора да работиме на нашиот ум, не само на телото“, рече Димитров.