Димитриоски на тајм-аут кон своите ракометари: Ништо не играте, дајте малку одбрана!

По заминувањето на Зоран Кастратовиќ од кормилото на Металург, тимот од Автокоманда го постави Оливер Димитриоски за привремен тренер на тимот.

Вечерва Металург беше максимално надигран и убедливо поразен на гостувањето кај Адемар Леон, а најсериозен проблем во играта на Металург беше одбраната.

Тоа го посочи и тренерот на тимот од Автокоманда на еден од тајм-аутите, на кој порача:

Ништо не играме, дајте малку одбрана, апсолутно ништо не играме. Никој никого не помага, излегувате без врска“, им порача Димитриоски на своите ракометари.