Ла Лига денеска ја изврши ждрепката за новата сезона во шпанското првенство по што е познат распоредот на натпреварите.
Интересно е тоа што македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својот Рајо Ваљекано во првото коло гостува на Камп Ноу кај Барселона. Минатата сезона мадридскиот тим не победи на двата меча против „каталонците“ и притоа не прими гол, па секако дека тоа ќе послужи за кревање на самодовербата пред дуелот во првото коло од новото првенство. Реал Мадрид во првото коло гостува кај повратникот во Ла Лига, Алмерија каде ќе ја почне одбраната на титулата.
Првото Ел Класико во новата сезона, на програмата е на 16 октомври на Сантијаго Бернабе. Реваншот е на 19 март на Камп Ноу.
ДВОЈКИ ЗА ПРВОТО КОЛО:
Билбао – Мајорка
Барселона – Рајо Ваљекано
Бетис – Елче
Селта – Еспањол
Кадис – Сосиедад
Алмерија – Реал
Гетафе – Атлетико
Ваљадолид – Виљареал
Валенсија – Жирона