Дилета блесна синоќа на Сан Сиро, а навивачите не можеа да се воздржат

Вљубениците на фудбалот синоќа можеа да уживаат во големото градско дерби помеѓу Милан и Интер.

Милан и Интер одиграа одличен натпревар, кој заврши со резултат 1:1, а натпреварот на крајот се одигра пред полниот Сан Сиро.

Една од најпопуларните спортски новинарки во светот, Дилета Леота, по натпреварот беше во центарот на вниманието.

Дилета синоќа беше на Сан Сиро каде се појави во живо на телевизијата ДАЗН, а со своето провокативно издание предизвика многу реакции од трибините.

Навивачите секогаш кога ќе се појави на теренот го скандираа нејзиното име, а Дилета не криеше дека ужива.

Таа објави видео од синоќешниот натпревар од Сан Сиро, а потоа и неколку фотографии.