Дибирова: Девојките немаа среќа, но горда сум на нив!

426

ЖРК Вардар синоќа на најдраматичен начин имаше можност да дојде до шампионската титула во ЛШ, која е толку посакувана и исчекувана, но сепак не се оствари тоа.

Во второто финале по ред, Вардар не успеа да го победи Ѓер пред преполната сала „Ласло Пап“, иако имаа шанси во последните секунди од продолжението да дојдат до пенал ситуација.

Но за жал, што е тука е, сите се сега свесни дека ЖРК Вардар ќе добие сосема нов лик од идната сезона, а ќе остане да се жали за оваа пропуштена шанса.

Тренерот Ирина Дибирова беше крајно разочаран вчера по неуспехот во финалето.

Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им посакувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим“– изјави Ирина Дибирова.