Дибиров: Во Украина како подготовка за почетокот на ЛШ

Вардар по триумфот над дебитантот Пекинг во првото коло на СЕХА Газпром лигата, изутринава отпатуваа за Украина каде во сабота треба да го играат мечот против Мотор Запорожје.

„Сигурно е дека Мотор Запорожје е тим со повисок квалитет од нашот претходен противник, Пекинг СУ. Овој меч во Украина треба да го искористиме како подготовка за почетокот на Лигата на шампиони во ЕХФ. Мотор е многу амбициозен проект, стабилен тим во сите сегменти и на секоја позиција“, изјави Дибиров и додаде:

„Тие веќе 2 години се во плеј-офот во Лигата на шампионите и секој што гостува во Запорожје има тежок период на теренот. Но, исто така очекувам нашата форма да биде во нагорна линија и треба да одиграме квалитетен натпревар за да обезбедиме добар резултат“.

Натпреварот со Мотор се игра во сабота во 16,15 часот, а ТВ пренос ќе има на МТВ.