Дибиров: Секогаш е тешко да се подготвувате за меч со Кјелце, но ние веруваме во себе

„Црвено-црните“ се пред сериозен тест и предизвик, мечот против незгодниот Кјелце, во кој сега настапува поранешниот Вардарец, Игор Карачиќ.

Крилниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров смета дека во составот на „црвено-црните“ има мотив за да извојуваат победа и дополнително да ја зголема самодовербата на тимот.

Мечот против Кјелце е секако ракометна класика. Мечевите против нив секогаш се возбудливи и неизвесни. Во натпреварот против Фленсбург, Вардар покажа дека нема голема разлика во квалитетот и големо влијание на неиграњето извесен период“.

„Кјелце е незгоден тим против кого е најтешко да се подготвувате. Имаат добри пикери, го имаат Душебаев, Карачиќ, имаат одличен тренер. Вардар секогаш излегува со самодоверба без оглед на противникот. Верувам дека и на оваа средба ќе имаме шанса против Кјелце“, истакна Тимур Дибиров.

За победа против Кјелце клучна ќе биде играта во одбрана, што на пресконференцијата посочи и тренерот Алушовски.

Натпреварот се игра утре од 18:45 часот.