ДИБИРОВ: Горд сум на соиграчите

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров кој во текот на неделата потпиша нов договор со Вардар, им честиташе на тимските колеги, но и на ривалите за прикажаното на овој турнир.

„Секој натпревар е посебна приказна, знаевме дека ќе биде многу тешко. Веќе има ривалство меѓу овие две екипи, верувам дека истото ќе трае. Како и секој меч, и ова финале беше непредвидливо. Му честитам на Пелистер, навистина беше многу добар противник, а кога ќе победиш таков ривал, дефинитивно на крајот среќата беше на наша страна.

Горд сум на соиграчите, на стручниот штаб, успеавме да се извлечеме од една тешка позиција во клубот сезонава, но на крајот важно е што победивме“, изјави Дибиров.

За него ова беше седми триумф во Купот на Македонија, а идната сезона ќе се бори и за осмиот пехар.