Дибиров го помина Илиќ на вечната листа во ЛШ и се искачи на 3-то место

Вардар повторно потсетува на славните шампионски денови во ЕХФ лигата на шампионите. Во третото коло од групната фаза во СЦ „Јане Сандански” беше поразен актуелниот европски вицепрвак Алборг, со 30-28 (16-16) што беше втор триумф за Вардар по ред сезонава.

Повторно одличен натпревар одигра најискусниот во тимот, левото крило Тимур Дибиров кој мечот го заврши со 6 погодоци.

Со ова Русинот стигна до бројката од 971 погодоци во Лигата на шампиони и го помина србинот Момир Илиќ кој остана на 969 и со тоа се искачи на третото место.

На врвот на оваа листа и понатамуе е нашиот Кирил Лазаров кој во овој момент има недостижни 1462 гола. Зад него е Французинот Никола Карабатиќ со 1091 гол.