Џошуа со порака до Фјури: Испочитувај го нашиот џентлменски договор

Светскиот боксерски првак во тешка категорија по ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, порача по последната борба дека ја завршил кариерата.

„Јас завршив, и тоа е вистина. Среќен сум, здрав, се уште имам мозок и можам да зборувам. Имам убава сопруга, шест деца, шампионски појаси, доволно пари, успех и слава. Што повеќе ми треба“, изјави подоцна британскиот боксер.

Ентони Џошуа, поранешниот светски првак, го прозва Фјури, сонародникот против кој требаше да се бори минатата година. Меѓутоа, Фјури тогаш мораше да го испочитува договорот и да одработи трета борба против Дионте Вајлдер, а Џошуа ја бранеше титулата против Олександр Усик и го загуби тој меч.

„Фјури нека го испочитува нашиот џентлменски договор и да излезе од пензија, останаа многу пари во игра кои некои мора да ги собере. За почеток пред себе го имам Усик и иако луѓето сметаат дека морам да се фокусирам само на таа борба, јас сепак сакам да ја гледам пошироката слика“, изјави Џошуа.