ЏИО Струмица потпиша и со „џинот“ Савовски

Одбојкарскиот клуб ЏИО Струмица продолжува со процесот на подмладување на тимот и грижа за најголемите македонски одбојкарски надежи.

Средниот блокер Филип Савовски го потпиша првиот професионален договор со шампионскиот тим и со своите 206 цм на 18 години претставува еден од најголемите македонски потенцијали за репрезентативната одбојкарска приказна.

Савовски го следи патот на одбојкарскиот развој на повеќе негови сограѓани од Пробиштип кои станаа доста успешни одбојкари поминувајќи го потребниот струмички филтер за професионален и правилен развој на одбојкарските вештини и здрав спортски живот!

Несоменено, ЏИО Струмица се наметнува како прв фаворит за освојување на титулата