Коректорот на актуелниот одбојкарски шампион ЏИО Струмица, Марјан Урдов стави потпис и го продолжи договорот на уште една година!
И покрај неколкуте примамливи понуди од странство, минатогодишниот капитен не можеше да одолее на европскиот проект на одбојкарскиот клуб ЏИО за наредната сезона.
Пред неколку дена и средниот блокер Ристо Николов потпиша нов договор и ќе остане член на Џио Струмица и во следната сезона.
Претходно, раководството на Џио Струмица потпиша договори со Владо Милев и со Васе Михаилов со што значително ја засили конкуренцијата на примачката позицијата.
Со оглед на овие потези, јасно е дека екипата ќе располага со искуство како значајна компонента, а според најавите, клубот планира и процес на подмладување, односно засилена активност во работата со младите категории заради создавање одбојкари коишто ќе бидат основа на струмичкиот состав во подолг временски интервал.