Џерард ги одбил во Ливерпул да ја слават титулата заедно – образложи и зошто го направил тоа

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, пред извесен период добил покана да биде дел од прославата со момците од клубот по освоената титула.

Но тој тоа го одбил со посебно образложение, кое сега го раскажа за медиумите на островото.

Јирген Клоп успеа да го сруши проклетството на Ливерпул кое траеше точно 30 години и конечно црвените дресови да стават раце на шампионскиот пехар.

Да, добив покана да бидам со момците на терен таа вечер, да прославите. Но искрено, го одбив тоа бидејки сакав да останам со семејството и да го следиме тој чин на ТВ. Мислам дека го направив вистинскиот потег, ги оставив момците да уживаат во моментот. Сцените беа фантастични, немаше посреќен во мојата улица од мене кога Ливерпул го подигна трофејот“, констатира Стивен Џерард.