Џентлменот Хамилтон – барем го утеши Фетел!

Луис Хамилтон сигурно чекори кон уште една шампионска титула во Формула 1.

Сезоната допрва почнува, а тој веќе има убедлива предност во однос на ривалите. Драматичната победа на трката во Канада е уште еден дел од тој пат иако начинот на кој дојде до неа не е онаков каков што посакуваше тој.

„Ова апсолутно не е начин на кој сакав да победам. Го натерав да погреши. Кога се враќате на патека, не смеете да одите директно во линијата на движење“, изјави Хамилтон.

Фетел направи циркус по трката, но тоа не му помогна да дојде до првиот триумф во сезоната и сега има 62 бода помалку од Хамилтон.