Џеко веќе е легенда на Рома, наскоро ќе влезе во топ-3

Босанскиот репрезентативец Един Џеко може да биде горд на себе и на својот ефект во тимот на Рома откако е член на римскиот клуб.

Искусниот напаѓач вечерва постигна два гола во победата на „волчицата“ против Беневенто со 5-2 и со тоа изби сам на четвртото место на вечната листа на стрелци на Рома. Досега ја делеше оваа позиција со Родолфо Волк, фудбалер кој бил член на овој тим меѓу двете светски војни.

Џеко има 108 гола, постигнати за пет години откако дојде во Рим. Многу брзо може да се очекува да влезе меѓу најдобрите тројца бидејќи третопласираниот Амедео Амадеи му бега само три погодока.