Џабе се трофеите: Тухел наскоро ќе добие отказ од ПСЖ

Она што се случува во ПСЖ не е здрава атмосфера и поради суетите на фудбалерите паѓаа и ќе продолжат да паѓаат тренерски глави.

Последниот инцидент со Килијан Мбапе веројатно ќе резултира со отказ за Томас Тухели тоа пред божиќните празници. Така смета поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари.

„Тухел е минато, тој веќе не е поврзан со тимот. ПСЖ е слаб, никој не може да разбере што игра. Фудбалерите се како деца, играат кога сакаат и како сакаат, фокусирани само на себе, тука не постои колектив. Жртвата се знае – Тухел“, смета Дугари.

И покрај тоа што не блеска ПСЖ е на првото место на табелата во француското првенство со пет бода повеќе од второпласираниот Марсеј и плус натпревар за доигрување.