Џабе го победи Ѓоковиќ: Федерер остана без финале – виновник Циципас

Младиот тенисер Стефанос Циципас приреди пријатно изненадување откако во полуфиналето на завршниот Мастерес во Лондон го совлада Роџер Федерер со 6-3 и 6-4.

Гркот е прв финалист на завршниот Мастерс во Лондон, а за титула во недела во „О2 арена“, ќе се бори со подобриот о од Доминик Тим и Александар Зверев чиј дуел е закажан за вечерва од 21 часот.

На Циципас му беше доволен еден бреј во првиот сет, во вториот направи два од кои Федерер успеа да врати еден и на крајот беше принуден да му честита на ривалот за големата победа.

Стартот на вториот сет го одбележаа два брејка, а потоа следеше и трет, за Циципас, за предност од 3-2. а потоа се играше мирно до 5-4, кога Федерер притисна да направи брејк, но безуспешно, затоа што Циципас славеше на свој сервис и ја потврди победата.