Девојките на Србија сепак се пресилни: Македонија со уверлив пораз во квалификациите за ЕП25

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз во денешниот квалификациски натпревар за ЕП25, против селекцијата Србија со резултат (103:60).

Србија пред натпреварот беше јасен фаворит на хартија, а тоа го потврдија и на вечерашниот натпревар, каде според сите спортски параметри, заслужено победија.

Уште од првата минута разликата беше евидентна на терен, а нашиот сосед од минута во минута ја билдаше својата предност, која на крајот изгледа уверливо.

Првата четвртина Србија убедливо ја доби со 12:30, за тој тренд да продолжи и во вторите 10 минути (16:21), со што на полувреме се замина со резултат 28:51.

Во третиот дел Србија беше повторно подобра (18:28) и со последните 10 минути (14:24), девојките репрезентативки на Србија остварија победа.

Капитенот на македонската женска репрезентација, Митрашиновиќ, беше најефикасна во нашиот табор со 23 поени, додека кај победникот, Дугалиќ беше предводник на победата со 17 поени.

Следното коло дамите на Македонија го играат на 7. ноември идната година против селекцијата на Украина.