Девојките на Симовски на поправен против Романија во реваншот

Поразот од првиот меч на ракометарките на Македонија, не остава простор дека може да се случи нешто поголемо, но сепак, надежта умира последна.

Во реваншот денеска Романија гостува во Скопје, а нашиот стручен штаб, селекторот и ракометарките ќе се обидат да победат и барем ако не сторат чудо, да ја одбранат честа.

На гостувањето во Романија бевме убедливо поразени со 33:22, а сега на нашата репрезентација е да се прикаже во добро светло во реваншот на домашен терен.

Реваншот во баражот за пласман на Светско првенство се игра денес од 17 часот.