ВИДЕО: Девојката со Ф1 знамето го објасни конфузниот момент

1471

На седмата овогодишна трка во Ф1 календарот, трката во Канада, триумфираше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, пред второпласираниот Валтери Ботас и третопласираниот Mакс Верстапен.

Крајот на трката беше одбележан со неверојатен гаф од страна на организаторите.

Имено, топ моделот Вини Харлоу, кој беше гостин во гаражата на Мерцедес и лична пријателка на Луис Хамилтон, беше всушност девојката која прерано го развиори црно-белото знаме на патеката.

Тоа симболизира крај на трката, иако само што беше почнал последниот, или „Final Lap“ на патеката, за подоцна Вини на Твитер да објасни дека така всушност било побарано од неа.