Дешам: Не сме фрустрирани

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам вечерва по ремито (1:1) против Полска изјави дека неговата репрезентација ја постигнала првата цел, а тоа е пласман во осминафиналето на Европското првенство во Германија.

„Не сме фрустрирани, иако целта беше да бидеме први во групата pп овој меч. Требаше само да победиме. Бидејќи не го сторивме тоа, мора да ја прифатиме реалноста“, изјави Дешан и додаде дека треба да се прифати сработеното, а тоа е влез во осминафиналето.

Австрија е на првото место во групата Д со шест бодови, Франција е втора со пет бодови. Холандија во нокаут фазата ќе влезе како една од најдобрите третопласирани со четири бода.

Полска со еден бод го заврши натпреварувањето на турнирот во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО