Сезоната во македонската кошарка која неодамна заврши, ја одбележаа неколку работи меѓу кои и дебитантот во елитната конкуренција Феникс.
Тимот кому пред сезоната сите му предвидуваа сигурно испаѓање, не само што обезбеди опстанок, туку играше и во Суперлигата, до две кола пред крајот имаше шанси за пласман во плејофот, а во основниот дел од првенството ги победи сите кандидати за титулата, вклучувајќи го и шампионот МЗТ Скопје.
Покрај сето тоа, Феникс стана еден од најважните извори на репрезентативци бидејќи летово клубот дава шестмина во младинските и двајца во сениорската селекција.
Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.