Дерби во финалето на универзитетската лига во ракомет!

Во финалето на Универзитетската Лига на УКИМ се пласираа двата главни фаворити, екипата на Факултетот за Физичка Култура,Спорт и Здравје и екипата на Медицинскиот факултет.

Во првото полуфинале Медицински факултет во близок натпревар ја победи екипата на ФЕИТ, додека во вториот полуфинален меч популарните “дифовци” ја прегазија екипата на Филозофски факултет.

Ова ќе биде втор натпревар помеѓу овие две екипи оваа сезона, првиот меч го добија ФФОСЗ со минимални 23:22.Но се разбира, во финалето очекуваме уште повозбудлив меч помеѓу најдобрите универзитетски екипи во Македонија.

Финалето ќе се одигра на 20.05.2019, понеделник со почеток од 13:00ч. во салата на спортскиот центар “Јане Сандански”, a влезот за сите посетители е бесплатен.