Денес се навршуваат пет години од кобниот момент кој му го смени животот на Шумахер

Точно на денешен ден (29 декември), 2013 година, Михаел Шумахер,  најуспешниот пилот во историјата на Формула 1 имаше пад за време на скијање на француските Алпи.

Ниту заштитната капа што ја носеше Германецот не му помогна да ги избегне тешките повреди на главата при ударот во карпа. Шумахер  беше префрлен во болницата во Гренобл во која беше подложен на две комплицирани операции и ставен во индуцирана кома.

Интензивната нега ја напушти по пет месеци од зафатите и преместен на одделот за рехабилитација.

Летото во 2014 година ја напушти Франција и беше транспортиран во универзитетската болница во Лозана, а на почеток на есента се врати во својот дом во Глан, мало место во близина на Женевското езеро.

Оттогаш трае потрагата по информации за состојбата на седумкратниот Ф1 шампион. Медиумите постојано изразуваат интерес и бараат одговори, но безуспешно.

Шумахер се прослави во болидот на Ферари и на крајот од кариерата заврши со рекордни седум шампионски титули и 91 победа. Настапи на 308 трки и во 155 наврати се искачи на победничкиот пиедестал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакинен ја посочи најголемата грижа на Фетел – таа доаѓа од неговиот табор

ВИДЕО: Ферари уште на почетокот ја оплеска – уште на првата трка го избришаа подот со Леклер

Ботас побрз од Хамилтон во Мелбурн, Ферари под очекувањата на ГН за Австралија

Нова сезона, стари навики: Хамилтон на пол-позицијата во Австралија

Фетел повторно ги обвини во Мерцедес за „игра на умови“

Тажни вести од Ф1 утрово – почина човекот кој одбележа цела една ера во овој спорт

Tрадицијата продолжува – Фетел повторно со женско име го крсти својот болид

Предлог во Ф1: ФИА разгледува ново интересно правило за „бод повеќе“ на трките, но не за победникот

Топ вест за фановите на Шуми – се подобар е и се наоѓа во Мајорка!