Денес е денот „Д“ за судбината на Вардар !?

Како што е познато, пред една седмица на јавноста со свое писмо и се обрати почесниот претседател на РК Вардар, Михајло Михајловски околу иднината за клубот по најавеното заминување на Сергеј Самсонеко.

Тој во своето обраќање меѓу другото и наведе:

„Во еден разговор со г-дин Едуард Кокшаров, спортски директор на РК Вардар го замолив да им пренесе на играчите и да ги замоли за трпение до 10 мај и да се воздржат од предвремено раскинување на договорите и давање на исписници“.

Токму денес е тој датму, 10 мај кој што Михајло го потенцираше, па многумина веќе се прашуваат дали е позната судбината на „црвено-црните“.

Инаку Вардар денес во рамки на полуфиналето од Купот на Македонија ќе ги одмери силите со Еурофарм Работник во Куманово со почеток од 20:00 часот.