Ден за историја: Ферари славеше во Белгија – Леклер со деби победа

Младиот пилот на Ферари, Шарл Леклер денес на легендарната стаза СПА во Белгија стигна до првата победа во Ф1 шампионатот.

Успешниот викенд за Ферари беше најавен уште вчера со двојна пол-позиција. Леклер денес водеше безмалку од прв до последен круг.

Целата ја мина пред водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон. Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас. Себастијан Фетел мораше да се задоволи со позицијата број 4 и дополнителниот бод за најбрз круг.

Леклер победата ја посвети на својот пријател Антоан Убер, кој загина вчера на трката во Формула 2 шампионатот на истата патека во Белгија.