Ден повеќе ракомет на Струшкиот турнир

Ракометна Струга оваа година ќе има биде организатор на уште едно издание на традиционалниот турнир, организаторите денеска го најавија 46.то издание на кое ќе настапат осум тимови во борба за шампионскиот пехар.

Благодарност до сите кои ќе учествуваат во организација на турнирот . Годинава турнирот ќе има поинаков формат и наместо досегашните шест екипи, ќе учествуваат осум, тоа воедно значи дека ќе има уште еден ден повеќе во програмата. Очекувам ова да биде уште еден потстрек за многу деца да тргнат по ракометниот пат. Суперлигашот Струга нема свој дом и работиме на тоа да го поправиме, изјави претседателот на Струга Наумче Мојсовски.

Како еден од помагателите традиционално е и Агенцијата за Млади и спорт, а директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа поддршката ќе продолжи и понатаму за ракометна Струга да биде препознатлива и во регионот.

Во рамките на овој турнир, но како посебен дел ќе се одигра и Супер купот на РФМ меѓу Вардар и Металург.
– Јас како стружанец сум многу горд што ракометот се враќа на голема врата во Струга преку овој турнир и секако со настапот на екипата на Струга во рамките на Супер лигата во новата сезона, а на овој прес ќе ја искористам шансата да го промовирам Супер купот меѓу Вардар и Металург, изјави директорот на репрезентацијата Милчо Чакарески.

На турнирот оваа година покрај македонските екипи Струга и Еурофарм Работник ќе настапат: поранешниот европски првак Цеље (Словенија), Констанца (Романија); Бешикташ (Турција), Алингсас (Шведска), Железничар Ниш (Србија) и Стразбур (Франција). Турнирот ќе се одржува од 15 до 19.август.

Цената на билетите за дневна програма е 50 денари, а турнирот ќе има и хуманитарен карактер бидејќи собраните средства од билетите ќе бидат уплатени во Центарот за дијализа во Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Билјанини извори“ пука од ракометна еуфорија – се игра големото дерби!

ВИДЕО: Скандал на ракометен дуел во БиХ

Барселона победник на Супер Глоуб во Доха

Раул го скрати списокот за квалификациските дуели со Турција и со Грција

Шок за Франција: Никола Карабатиќ останува без Мундијалот

Од Металург замина и Јагањац !

Брестовац: Уморни сме и исцрпени, против Татран ќе се обидеме да го подобриме впечатокот

Вујовиќ и со Железничар поуспешен од Металург

Барселона и Берлин повторно финалисти на Супер Глоб