Де Лаурентис открива: Им понудив на Интер 60 милиони за трансфер на нивниот фудбалер

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, открива дека се обидел да го ангажира Мауро Икарди од Интер, но дека не успеал во тоа.

Имам одличен однос со Антонио Конте, ние сме пријатели, бевме заедно на море, каде ја сретнав и неговото неверојатно семејство. Долго пред Анчелоти, Конте додека беше во Лондон, го бомбардирав со зборови и понуди, да дојде во Неапол како тренер, но ми рече дека договорот со Челси го спречува да го оствари тоа“.

Лаурентис откри и дека лицитирал со Интер за услугите на Икарди.

Им понудив 60 милиони евра + 5 во бонуси, па дури им понудив и 12 милиони по сезона како плата. Икарди секако не е глупав играч, но веројатно процени дека ПСЖ е подобро место за него. Веројатно таму и подобро би стоел и би се снашол, отколку да дојдеше во Неапол. Тоа веројатно беше најдобриот избор за него“, рече Де Лаурентис.