Де Лаурентис не простува: Жестоки и драконски казни за своите играчи

Аурелиот Де Лаурентис првиот човек на Наполи конечно ја донесе одлуката за тоа како ќе постапи против своите непослушни фудбалери.

Како што се најавуваказна за играчите ќе бидат драконски, а медиумите најавуваат дека вкупната казна може да изнесува до 2,5 милиони евра.

Прв казнет е Алан поради неговата вербална расправија со синот на Аурелиот Де Лаурентис, Едо и ќе тре треба да плати 200.000 евра.

Иако членот 11 во колективниот договор на фудбалерите вели дека казната не може да биде повеќе од 25% од месечната плата на фудбалот. Алан ќе плати половина од месечните примања.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека казните на фудбалерите се различни, тие изнесуваат од 22.000 до 225.000 евра. На фудбалерите им била дадена листа за да можат да си подготват одбрани.

Де Лаурентис недела дена пред интернационалната пауза одлучи целиот тим со тренерите да го изолира во карантин поради лошите резултати, па следеше општа побуна. Анчелоти и играчите се побунија, го напуштија карантинот, па сега целата ситуација ќе добие епилог со жестоки казни.