Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува најмалку три недели поради повреда на скочниот зглоб, изјави Чави, тренерот на каталонскиот клуб.
Холанѓанецот го напушти теренот против Селта во средината на првото полувреме. До тој момент тој ја играше секоја минута во Ла Лига.
-Тоа ќе биде голем хендикеп за нас, изјави Чави и додаде:
-Френки е клучен за нашата игра, особено ако се земе предвид одличната форма во која се наоѓаше. Што се однесува до временската рамка на неговата повреда, тоа ќе зависи од него, но ќе треба да процениме како се чувствува по следната репрезентативна пауза.
Барселона патува за Мајорка пред паузата во вторник, по што ќе следи натпревар со Севиља и натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите на гостувањето кај Порто на 4 октомври. Последниот меч пред паузата Каталонците ќе го одиграат против Гранада на 8 октомври.