Де Брујне се жали: Веќе не ги знам фудбалските правила

Кевин Де Брујне се пожали дека веќе не ги познава правилата на фудбалската игра по зачестените промени во последните години.

Манчестер Сити во дербито на колото загуби од Тотенхем откако во првото полувреме ВАР технологијата поништи гол на „Граѓаните“.

Де Брујне по натпреварот изјави дека поради честите промени ги заборавил правилата и дека ништо не е како во првите години од неговата кариера.

„Искрено веќе не ги знам правилата. Играм професионално 12 години. Во првите девет години немаше промени, а во последните три имаше многу“, изјави Де Брујне.

Белгиецот до некаде и има право бидејќи од сезона во сезона се менуваат правилата за играње со рака што ги збунува како играчите, така и судиите.