Дарио Ивановски претпоследен на 1.500 метри на ЕП во Берлин

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои претпоследното место (33.место) во дисциплината 1.500 метри на Европското првенство што се одржува во Берлин. Тој трчаше во првата од трите групи, во која првопласираните имаа најслабо време од победниците во другите две групи.

Ивановски истрча време 3:57.52 минути што е послаб резултат од неговиот најдобар истрчан оваа година во Тарагона на Медитеранските игри – 3:47.13 минути.

Нашиот атлетичар покрај тоа што беше во најслабата од трите групи (според времињата) имаше и многу проблеми да најде позиција за да оствари подобро време, а имаше проблеми и за време на подготовките во Скопје кога немаше можност да тренира на атлетската патека на Националната Арена Филип Втори.

Тројцата првопласирани од групите и тројцата според времето се пласираа за финалето.

Вчера настап на ЕП имаше и Дрита Исламни која заврши последна во квалификациите на 400 метри со пречки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: УФЦ не памети по крвава борба – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ сцени

Не е шега: Нурмагомедов ќе се бори со Мејведер, се знае и терминот

Пред еден месец сите го сакаа Нурмагомедов, денеска сите го мразат

(ВИДЕО) ШОК: Шампионот во тешка ситуација по нокаутот – докторите се борат за неговиот живот

(ФОТО) Изразот на лицето на Вајлдер кога Фјури стана по вториот нокдаун е хит на социјалните мрежи

Шоу, драма, нокдауни и на крајот уште едно разочарување во тешкашкиот судир на годината

Сопругата на поранешниот играч на Црвена Звезда донираше пари за Партизан

Првиот човек на УФЦ ги откри плановите за Конор и Хабиб: Што е следно за Ирецот и Дагестанецот?

Жестоки навреди за Хабиб: Мајмуне – јас сум вистинскиот шампион