Данците не се шегуваат: По Хансен, потврдија уште едно големо име

Очигледно дека данскиот клуб Алборг им сериозни амбиции за идната сезона.

Претходно го потврдија доаѓањето на Микел Хансен од ПСЖ, за сега да го потврдат и Арон Палмерсон.

Медиумите од Данска најавуваат дека ова се првични бомби и дека во иднина Алборг ќе биде многу силен клуб, подготвен да цели кон повеќе трофеи.

Палмарсон кој во Алборг ќе пристигне од редовите на Барселона, потпиша тригодишен договор и ќе биде член на данскиот претставник се до 2024 година.

Со такви имиња, несомнено во ЛШ ќе има уште еден силен тим кој ќе цели на трофејот.