Данските ракометари ги напoлнија домаќините – им дадоа 47 гола

Во Токио заврши првото коло на машкиот ракометен турнир.

Денот заврши со натпревар од групата Б меѓу Данска и Јапонија, кој понуди интересен резултат. Данците славеа со 47:30. Скандинавците ги предводеше Холм со девет погодоци, Заугструп додаде осум гола, колку што постигна Мотоки во Јапонија.

На другите два натпревари од групата Б, Шведска спречи голема сензација и го совлада Бахреин со 32:31, со неверојатни 13 гола на Ване, додека Египет беше подобар од Португалија со 37:31.

Во групата А дербито помеѓу Шпанија и Германија им припадна на Шпанците со резултат 27:28, додека Норвешка го совлада Бразил со 27:24.

Другата селекција од Јужна Америка го отвори турнирот со пораз, а тоа е Аргентина, која беше поразена од фаворизираната Франција во групата А со 33:27. За Французинот, Ричардсон постигна седум гола и го зеде епитетот за најдобар стрелец на натпреварот.