Пјер Емил Хојберг е назначен за капитен на фудбалската репрезентација на Данска, објави новиот селектор Мортен Вигхорст. Хојберг (29) ќе го наследи Симон Кјаер како капитен.
Фудбалерот на Тотенхем кој е игра на заем во Марсеј одигра 81 натпревар за Данска и постигна 10 гола.
Данска на 8 септември ќе ја пречека Србија во Копенхаген, во натпреварот од второто коло, од групата А4, во Лигата на нации (ЛН).
На тој меч, како и три дена претходно против Швајцарија, Данска нема да ја води новиот селектор Вигхорст, туку Ларс Кнудсен, кој е назначен привремено бидејќи Вигхорст има здравствени проблеми.