Нема среќа играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Низ текот на целата негова кариера во дресот на Мадрид тој се мачи со повреди, а на оваа тема сега има најнова информација. На Куп натпреварот против тимот на Реал Сосиедад, Себаљос ја повреди тетивата.
Денешните прегледи потврдуваат дека се работи за нешто посериозно и дека тој ќе мора да паузира околу два месеци.
Во последно време и тоа како доби шанса во првите единаесет од страна на тренерот Карло Анчелоти, но ете сега нештата се одвиваат во лош правец.
Реал сега ќе мора да бара алтернатива на клупата, а по се изгледа дека Лука Модриќ повторно ќе се најде во стартните единаесет.